Постојат снимки и сведоци за убиството на ракометарот, а МВР ги крие деталите, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Оливер Спасовски да поднесе оставка, снимката од убиството на Тот е доказ дека МВР го прикривала случајот, реагира денеска БМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, министерот за внатрешни работи Спасовски е директно одговорен зошто 4 дена МВР не излегува со јасна слика за убиството на ракометарот Тот иако за тоа има снимка и сведоци на настанот.

– Од снимките кои беа објавени во медиумите јасно се гледа дека станува збор за убиство, и дека Тот е тепан од страна на 3 лица, а сведоци на настанот се 10 луѓе. Четири дена Спасовски се обидува да го прикрие настанот, и да ја убеди јавноста дека не станува збор за убиство, туку за несреќен случај. Од снимките јасно се гледа што се случувало, и што е причина за смртта на ракометарот. За настанот гледаме дека имало и 10-тина сведоци и снимки од камери, сето тоа и било познато на МВР. Останува нејасно, зошто тоа не беше кажано веднаш по немилиот настан, туку институциите се впуштија во прикривање на настанот? – велат од ВМРО-ДПМНЕ.