Во вторникот во Македонија ќе преовладува претежно облачно и посвежо време, со врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни над 25 литри во 24часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури се во интервалот од 8 до 13 степени, додека максималните дневни соодветно ќе бидат од 11 до 17 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 16 степени.