Посвежо со услови за пороен дожд

За околу четири до седум степени ќе се намалат температурите до средината на седмицава, посвежо ќе биде до викендот, кога се очекува да опаднат и утринските и дневните температури.

Во понеделник ќе биде малку посвежо, во претпладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и појава на ретки грмежи повремено и со умерен ветер особено на западот, а попладне и преку северните делови.

Температурите на западот и југозападот од земјата ќе се движат од 22 до 20 Целзиусови степени, додека на истокот и крајниот југ ќе бидат во интервалот од 28 во повисокоте регион до 35 степени. Во централните области максималните дневни температури ќе се движат меѓу 31 и 33-от степен

Во Скопје и околината температурата ќе достигне до 32 Целзиусови степени.

Следните денови ќе преовладува променливо време со повеќе услови повремено да има локален дожд претежно во планините и особено во среда и петок. До средината на неделата утринските и дневните температури ќе опаднат за околу 4 до 7 степени и до викендот ќе се задржи посвежо.