Посвежо време и нова снежна покривка

Утринава во југоисточните делови е умерено облачно со сончеви периоди. Дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движеше од -5 Крушево, -4 Маврово и Лазарополе, -1 Претор, Тетово, Пожаране, Тополчани и Ѓуриште, 0 Берово, Прилеп, Охрид, Дебар и Крива Паланка, 1 Куманово, 2 Штип, Виница и Струмица, 3 Скопје, 4 Демир Капија и Дојран до 6 Гевгелија.

Времето променливо облачно со сончеви периоди, претпладне во источните делови со локален дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 5 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен северен ветер. И утре ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките места и планините слаб снег. Во текот на наредната седмица утринските температури на места ќе бидат негативни и ќе се движат во интервалот од -3 до 4, а дневните од 7 до 15 степени.