Посвежо време со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд не очекува во текот на денешниот ден.

Врнежите од дожд во западните и источните делови, на некои места се очекува да бидат поинтензивни.

Во јужните делови од земјата во попладневните часови се очекува локален пороен дожд со ретки грмежи.

Од УХМР најавуваат дека ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.  Утринската температура во земјава ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 21 до 28 степени. УВ  индексот ќе има вредност 6.

Во јужните делови од земјата во попладневните часови се очекува локален пороен дожд со ретки грмежи.
Во јужните делови од земјата во попладневните часови се очекува локален пороен дожд со ретки грмежи.

И во Скопје посвежо време со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер се очекува и во Скопје.

Утринската температура ќе биде околу  14, а  дневната  ќе достигне до  27 степени.

Од утре благ пораст на температурите

Од утре благ пораст на температурите
Од утре благ пораст на температурите

По денешното променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, од утре се очекува стабилизација на времето.  Како што најавува УХМР, од утре ќе следува период на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.