Потер потпиша за Челси

Лондонски Челси потврди вечерва на својот официјален интернет сајт дека нов тренер на екипата е 47-годишниот Грахам Потер со кого е потпишан петгодишен договор.

Потер доаѓа на местото на германскиот стратег Томас Тухел, кој беше отпуштен ден по поразот на Челси во вторникот во Загреб од Динамо (0-1) во рамки на воведното коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Новиот тренер на Челси седеше на клупата на Брајтон од 2019 година, а претходно ги предводеше шведски Остерсунд и Свонси.

Потер го остави Брајтон на високото четврто место на табелата во Премиер лигата, додека Челси во моментов е шестопласиран.