Потера по Тунижанин за нападот во Берлин: Германија нуди награда од 100.000 евра

Германија нуди 100.000 евра за информации кои би можеле да доведат до апсење на Тунижанецот кој е осомничен за нападот Божиќниот пазар во Берлин.

Федералната криминалистичка служба на Германија, по налог на обвинителството и со поддршка на покраинските полиции спроведува интензивна потрага по Анис Амри, а за информации за него распишана е и награда.

По 24-годишниот Тунижанец е распишана потерница како главен осомничен за нападот во кој загинаа 12 луѓе и 48 се повредени.

Во полициски документи е наведено дека тој е висок 1.78 метри, тежина околу 75 кг со црна коса и кафеава боја на очите. Амри веќе бил под истрага во Германија поради сомневање за организирање напади.