Потерница по словенечки бизнисмен, обвинет за синџир на проституција

Словенечкиот претприемач Сергеј Рацман

Словенечката полиција потврди во четвртокот дека е издаден европски налог за апсење за познатиот бизнисмен 53-годишниот Сергеј Рацман, кој е еден од 18-те осомничени за организирање синџир за проституција во неговиот познат клуб „Марина“ крај Нова Горица.

По Рацман, кој се занимава со бизнис со недвижнини и управува со синџир од киносали, е распишана ткн „внатрешна потерница“, но и европски налог за притвор кој е внесен во европскиот шенгенски систем, но полицијата покрај тоа наведе и дека повеќе информации поради сигурноста на постапката засега не може да открива.

Државното обвинителство на почетокот од годинава поднело обвинение против Рацман и повеќе негови соработници, од кои тројца се Романци, кои се осомничени за повеќе кривични дела: злоупотреба на проституцијата, трговија со луѓе, како и неколку кривични дела поврзани со дрогите, а некои од нив се во притвор, пишуваат словенечките медиуми.

Обвинителството ги товари дека, поврзани во криминална организација, во последните пет години со синџирот за проституција во ноќниот клуб кој фигурирал како сауна и салон за масажа, присилувале на проституција повеќе од 400 девојки од источна Европа, како и дека во споменатиот период на пружање сексуални услуги на клинетит на клубот заработиле повеќе од 20 милиони евра, според пресметките во медиумите.

Рацман е недостапен за словенечките валсти, бидејќи како што се тврди е на „службен пат“ во странство. Според некои информации со кои располага словенечката полиција, тој се наоѓа во Словачка, каде што исто така има пријавен престој, а според неофицијални вести се наоѓа во Канада, каде што побегнал бидејќи доколку биде осуден во Словенија му се заканува казна од 3 до 15 години затвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.