Поткуп на гласачи од СДСМ во Шуто Оризари (ФОТО)

На 22 јули во скопската Општина Шуто Оризари се случил поткуп на гласачи од актуелната власт, пишува на Фејсбук жител на населбата со објава на фотографии.

„Еве ги доказите поткуп на СДСМ во Шутка. Претседателот на СДСМ ШУТКА дели пакети со поткуп во пресрет на локалните избори. Овој пат Ромите нема да се продадат, се што вети Заев излажа. Ни ветуваше брда и долини, едно општество за сите, а Ромите не ги пуштаат ни на базен. Нема да ви помине!“, пишува Геге Демировски.