Потомците на робовите бараат на суд отштета од Франција

Врховниот суд, највисоката судска инстанца во Франција, ја проучуваше во средата тужбата која ја поднесоа неколку здруженија и граѓани кои од државата бараат надомест на штетата која ја претрпеле поколенијата потомци на робови.

Откако првостепениот и апелацискиот суд ги одбија нивните барања, три здруженија и 23 граѓани се обратија во Врховниот суд во надеж дека судот ќе го прифати нивното барање за отштета поради трговијата со робови во која Франција активно учествувале од XVII век до укинување на ропството во 1848 година.

Признавањето дека е сторена штета би овозможило, според адвокатот на тужителите Патрис Спиноси, да дека „надмине“ законот донесен во Франција во 2001 година во кој трговијата со робови и држењето во ропство се означени како злосторство против човечноста.

„Целата е да се издејствува парична отштета којашто би била уплатена во фондот кој би ги собирал барањата на потомците на робовите“, изјави Спиноси.

Државната обвинителка Бланден Маје-Брику, којашто го застапува Министерството за правосудство, препорача барањето да биде одбиено. Врховниот суд, како што најави, одлуката ќе ја донесе на 5-ти јули.

Ова не е првото вакво барање во Франција. По носењето на споменатиот закон од 2001 година, граѓански здруженија од Карибите поведоа правна битка со државата за добивање отштети, но без успех.