Потона брод со мигранти, повеќе од 100 исчезнати

Повеќе од 100 нелегални имигранти исчезнале откако нивното бродче потонало крај либискиот брег, објави МИА.

Десетици тела на удавени испливале во водата. На бродчето имало околу 250 лица, главно имигранти од Сирија и земјите од југот на  Сахара. Властите успеале да спасат само 70 од нив.

Потрагата по имигрантите продолжува, но шансите да има преживеани се минимални, бидејќи инцидентот се случил пред два дена.

Либија во последните години се претвори во појдовна точка за имигрантите од Африка, кои се обидуваат да го пресечат Средоземно Море на патот кон Европа.

Според податоците на ОН само годинава во Средоземно Море се удавиле приближно 2.000 лица, бегалци од Африка и Блискиот Исток.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.