Потоната руска подморница е пронајдена во близина на брегот на Шведска. Сеуште се вршат истражувања, но според експертите најверојатно се работи за подморница стара еден век.
Руска мини-подморница е пронајдена во шведските територијални води, недалеку од од брегот на Шведска. Подморницата е околу 20 метри долга и 3, 5 метри широка, изјавува групата исландски ловци на потонати бродови Оушн Икс тим, кои што ја открија подморница.
Од групата велат дека сеуште не се знае колку е стара подморницата и колку долго лежела на морското дно.
Кирилично писмо на подморницата
Дека подморницата е е руска било докажано со кириличното писмо кое е употребено на палубата.
Подморницата е целосно недопрена, нема видливи оштетувања на палубата и вратите се затворени. Затоа сметаме дека екипажот не бил во можност да се спаси, кога подморницата потонала, вели Стефан Хогеборн, еден од нуркачите на тимот Оушн Икс.
Од групата велат дека Шведката армија е информирана за откритието, а во моментов нуркачите од групата се подготвуваат за нова експедиција, односно за филмување и истрага на остатоците на оваа потоната руска подморница одблиску.
Инаку групата е во потрага по скриени богатства и артефакти. Досега пронашле повеќе остатоци од бродови и историски објекти.
Од шведскта армија за АФП информираат дека во моментов ги проучуваат видео снимките направени од страна на групата.
Групата е таа што тврди дека станува збор за подморница. Нашите аналитичари сеуште не излегле со заклучоци и сакаат да ги видат и другите фотографии што компанијата треба да ни ги достави, изјави пред неколку дена портпаролот на шведските вооружени сили Андерс Калин.
Денес шведската армија конечно излезе со официјални информации и ги изнесе заклучоците од направените анализи.
Најверојатно станува збор за руска подморница од сом – класата, со назив „Сом“ – која потонала по судир со шведски брод во 1916-тата за време на Првата светска војна пред Руската револуција, се вели во соопштението од шведските вооружени сили, пренесува „Гардијан“.
Потоната подморница од руската сом – класа?
Во меѓувреме, експертот за бродови Пер Андерсон изјави дека е можно да станува збор за потоната руска подморница од Првата или Втората светска војна. Тој е убеден дека станува збор за брод од руската сом – класа кој потонал во 1916-тата година.
Според моите спонтани набљудувања, станува збор за постар брод. Наликува на подморница од Првата или втората светска војна. Подолг е од 20 метри, па сметам дека станува збор за вообичаена воена подморница, изјавил тој за Експресен, весникот што ја објави целата сторија на Оушн икс.
Според него, големината и обликот на бродот потсетуваат на руските подморници што се произведувале во раните години на минатиот век.
Сом – класата на подморници била во употреба во руската кралска морнарица во периодот од 1904 – 1907 –мата година.
Според експертите бродот е најверојатно руски, затоа што неговиот назив завршува со буква од старото кириличното писмо, кое било во употреба се до воспоставувањето на реформите од 1917-1918 година. Како и да е, според некои, сосема е возможно да станува збор само за „игра на светлината“.