Потпишан договор меѓу МЗ и УНФПА за помош на ранливите групи на граѓани

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски денеска одржа средба со директорката на Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА), Доина Болога, при што беше потпишан договор за соработка за периодот 2014-2015 година, со цел подобрување на репродуктивното здравје на населението.

Средбата е одржана на маргините на состанокот на Здравствената Мрежа на Југоисточна Европа, што денеска и утре се одржува во Букурешт, Рoмaнија, а чиј Секретеријат е сместен во Министерството за здравство на Р.Македонија.

Во рамки на овој Договор, Министерството за здравство ќе стави пособен акцент на ранливите категории на граѓани,  помош на социјално загрозените семејства и жителите на руралните подрачја, во однос на планирање на семејството и соодветна обука на здравствените работници на сите нивоа на здравствена заштита, со цел подобрување на здравјето на мајките и новородените кај споменатите ранливи категории граѓани.