Потпишан договорот со консултантот за изградба на новите автопати, од утре почнуваат преговорите со „Бехтел и Енка“

Во Владата денеска свечено беше потпишан договор меѓуЈавното претпријатите за државни патишта и компанијата „ИРД Енџининг“ (IRD Engeineering),кое е избрано за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-д., а од утре, според најавите треба да започнат преговорите со конзорциумот „Бехтел и Енка“.

Договорот го потпишаа директорите Ејуп Рустеми и  Паоло Орсини. Присутни беа и премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кои рекоа дека овој инфраструктурен проект е оценет како најголем во трисетгодишниот период на независна држава.

Груби претходно на партиска трибина најави дека веќе следниот ден комисијата ќе се состане за да ги започне преговорите со контракторот  „Бехтел и Енка“ за да отпочнат работите.

„Во четврток во 09:00 часот ќе го потпишеме договорот со избраната компанија и ќе започнеме со работа со „Бехтел Енка“ за Коридорот 8 , автопат со три ленти со кој ќе ја поврземе нашата држава со Албанија. Тоа е супер голем проект за кој издвоивме 300 милиони евра, од сите капитални инвестиции, од општиот буџет од 800 милиони евра, 300 милиони наменети се само за овој проект. Дали некогаш сме биле помоќни во Владата? Никогаш!“, истакна Груби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.