Потписите за Пендаровски ги собирале лица неовластени за тоа

Вчера подрачните едници на Државната изборна комисија беа отворени за собирање на потписи за поддршка на претседателските кандидати.

Кандидатот на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски во еден ден ги собра над 20 илјади потписи за поддршка на неговата кандидатура и од граѓаните.

Сепак според документи до кои дојде Лидер, собирањето на потписи не се одвивало законски.

Во Општина Шуто Оризари наместо потписите да се собираат од овластен претставник на ДИК, истите се собираа од општинската администрација во присуствно на луѓе на градоначалникот Курто Дудуш, објави Лидер.

Согласно постапката за собирање на потписи за предлагање на кандидат, односно според член 63, став еден, потписите на избирачите во постапката за кандидирање се собираат пред службените лица на ДИК на образац.

– Потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат пред службените лица на Државната изборна комисија на образец. – стои во ставот 1 од овој член.

Според информациите до кои дојде Лидер, Дудуш, наместо акредитирани лица за следење на потпишувањето, испратил свои блиски луѓе.

Дудуш требало да определи лица од општинската администрација за вршење на јавен увид и собирање на потписи, кои се акредитирани од ДИК, но лицата кој тој ги определил немаат акредитации.

Градоначалникот од СДСМ ги определи за собирање на потписите Ерхан Фејзоф и Ајет Османовски, кои се луѓе блиски до него и немаат акредитации од ДИК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.