Потполна неизвесност околу брегзитот

Советот на Европската унија прифати во вторникот низа законодавни мерки во рамките за подоготовките за најавеното излегување на Велика Британија од Европската унија без договор, околу што владее целосна неизвесност, пред одредениот датум 29-ти март.

Десет дена пред предвиденото раздружување на Обединетото Кралство и ЕУ владее потполна неизвесност околу тоа дали „брегзитот“ ќе се случи без постигнат договор меѓу Лондон и Брисел, дали Велика Британија ќе бара одложување, како и доколку се реши на таков чекор, на колкав период би било одложено истапувањето.

Оттаму, во ЕУ, од каде постојано истакнуваат дека посакуваат уреден брегзит без остри ркахови, носат мерки кои во секој случај треба да ги ублажат последиците од евентуалното излегување без договор. Станува збор за мерки коишто, меѓу другото, се однесуваат на социјалната сигурнсот, сообраќајот и рибарството.

„Овие мерки се привремени, со ограничен досег, кој ЕУ ги усвои еднострано. Тие на ниеден начин не можат да ги обезбедат сите ползи од ппотполното членство во ЕУ или да имаат ист ефект како и одредбите од преодниот период, кои се дел од договорот за раздружувањето. Во некои области, овие мерки се условени од реципрочните мерки од британска страна“, наведуваат од Советот на ЕУ.

Излегувањето на Велика Британија ќе доминира на дводневниот самит на ЕУ, кој започнува во четврток во Брисел. Планот на британската премиерк Терезе Меј дека до почетокот на состанокот на врвот и по третпат ќе го стави на гласање договорот кој го испреговара со ЕУ и кој досега двапати беше отфрлен во британскиот парламент, е доведен во прашање кога претседателот на Долниот дом, Џон Беркоу во понеделникот рече дека не е можно да се стави договорот на повторно гласање, доколку нема поголема промена во неговата содржина.

Меј по третото гласање планира да дојде на самитот на ЕУ со барањето да се одложи брегзитот. Доколку овој договор добие зелено светло во третото гласање а сега не е познато дали воопшто и ќе се случи, Меј би побарала техничко продолжување до 30-ти јуни за да се добие во време за усвојување на потребното законодавство за спроведување на договорот. Доколку, пак, договорот повторно биде одбиен, би побарала одложување на подолг период.

Во ЕУ истакнуваат дека нема никакви изгледи за повторно отворање на преговорите и очекуваат дека премиерката Меј ќе дојде во Брисел со јасен план што сака. Неколку министри за европски раборит, кои се собраа на Советот за општи услови, истакнаа дека Велика Британија мора да се изјасни што навистина сака, бидејќи не е доволно да се изгласа во парламентот дека не се сака излегување без договор.

Исклучувањето на излегувањето без договор може да значи само или дека веќе двапати одбиениот договор за раздружување сепак ќе бидат прифатени, штое многу малку веројатно, или одложување на излегувањето. А секое одложување потребна е согласноста на сите 27 емји членки, а од ЕУ постојано истакнаа дека мора да постои добро образложена причина зошто и во кои цели се бара одложувањето за да може да биде одобрено.

„Нашето трпение во Европската унија минува низ големо искушение. Драги пријатели во Лондон, изјаснете се, времето истекува. Очекувам јасен и детален предлог со образложување зошто одложувањето е потребно“, порача германскиот министер за европски прашање, Михаел Рот.

Работата дополнително ја компликува фактот дека се приближуваат изборите за Европскиот парламент, во мај. Одложувањето за излегувањето до конституирањето на новиот состав на Европскиот парламент на почетокот од јуни не би требало да претставува проблем, но прашање е пто моќе во трите дополнителни месеца да се постигне доколку Велика Британија не ја промени насоката по пршањато на излегувањето. Од друга страна, пак, подолгото одложување повлекува со семе дека во Велика Британија мора да се одржат европските ибори, што е тешко замисливо во земјата којашто пред три години изгласа дека сака да излезе од ЕУ.

Во ЕУ не сакаат сценарио во коешто Велика Британија е со едната нога надвор, а истовремено учествува во преговорите за новиот седумгодишен буџет и за иборот за новите челници на институциите на Унијата. Доколку не биде бишто сторено до 29-ти март, Велика Британија ноќта од 29-ти кон 30-ти март ќе стане трета страна, но во Лондон и Брисел не посакуваат неуредно излегување. Теоретски е можно евентуалното британско барање за одложување да биде разгледано и само еден час пред предвиденото излегување.