Потпретседателката на Европскиот парламент уапсена во рамките на истрагата за корупција

Еден од потпретседателите на Европскиот парламент, грчката еврпратеничка Ева Каили е уапсена во врска со истрагата за корупција во Белгија, објави во петокот вечерта германската агенција dpa.

Веста за апсењето дојде откако нејзината партија во Грција, Панхеленското социјалистичко движење, во петокот вечерта објави дека Каили е избркана поради истрагата на белгискиот јавен обвинител против неколку лица во Европскиот парламент осомничени за корупциски дела.

Во петокот во Брисел беа извршени 16 претреси, а во врска со случајот се уапсени пет лица, соопшти бриселското јавно обвинителство. Истрагата вклучува наводна криминална организација, обид за пуштање влијанија во земја од Персискиот залив и наводи за корупција и перење пари.

Според медиумите, случајот се однесува на арапската земја Катар. Левичарската социјалистичка група во ЕП веднаш го суспендираше членството на Каила со моментален ефект.

Грчката пратеничка е еден од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент.

Истрагата опфатила активности од „корупција“ и „перење пари“ на организирана криминална група, соопшти истрагата.

Со месеци белгиските истражни судии „сомничат една држава од Персискиот залив дека влијае на економските и политичките одлуки на Европскиот парламент уплатувајќи парични суми или будејќи големи подароци на трети лица коишто со својата политичка и/или стратешка позиција имаат голема важност“ во споменатата институцијата на Европската унија.

Белгиското федерално државно обвинителство, кое е задолжено за истраги на криминални активности во доменот на тероризмот и организираниот криминал, не го открива идентитетот на приведените лица.

Во петокот рано утрото во рамките на истрагата којашто ја наредил судија од Брисел, биле извршени рации и претреси на 16 ликации во разни општини на белгиската престолнина, каде што е седиштето на Европскиот парламент.

Покрај четворицата уапсени во рамките на истрагата белгиската полиција запленила „околу 600.000 евра во готовина“, како и „информатички материјали и мобилни телефони“ чијашто содржина ќе биде анализирана следниот период.

Операцијата била насочена на помошници на европратеници коишто работат во Европскиот парламент. Меѓу уапсените е и поранешен европратеник, наведува белгиското обвинителство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.