Потпретседателот на грчкиот парламент почина од коронавирус

Заменик претседателот на парламентот и поранешен министер за здравство на Грција, Димитрис Кремастинос почина утрово на 79-годишна возраст од последиците од коронавирусот.

Кремастинос, кој бил кардиолог и универзитетски професор, бил примен во болница во Атина со здравствени компликации на 26 март, но по 44 дена ја загубил битката со коронавирусот, јавува „АНА“.

Тој бил почитуван лекар, кој стана познат како личен доктор на починатиот премиер Андреас Папандреу во текот на 90-тите години.

Премиерот Киријакос Мицотакис му оддаде почит на Кремастинос, изјавувајќи дека светот на науката и политиката денеска го изгуби својот говодечки член.

Мицотакис на „Твитер“ рече дека професорот „оставил посебен белег на достоинството, одговорноста и ефикасноста“.

И опозициската „Сириза“ порача дека смртта на Кремастинос ги „исполнува со тага“.