Потрага по осумте алпинисти исчезнати на хималајски врв

108

Десетици спасувачи учествуваа во саботата во потрагата по осум алпинисти кои се водат како исчезнати на втората највисока индиска планина Нанда Деви (7.826 метри), соопштија во саботата индиските власти.

Станува збор за четворица Британци, двајца Американци, Австралиец и Индиец, кои требало да се искачат на источниот гребен на Нанда Деви, близу границата со Кина и да се вратат во базниот логор уште на 26-ти мај. Но групата којашто ја предводел Британецот Мартин Моран, кој веќе неколкупати се искачувал на овој врв, не се појавила во логорот Мунсијари, во индиската сојузна држава Утараканду, откако го започнала искачувањето на 13-ти мај.

„Ги мобилизиравме силите за да ги лоцираме откако на 26-ти мај не се вратиле во логорот, но лошото време ја забавува операцијата“, рекол за AFP, Виџај Кумар Јогданде, судија на округот Питорагар во кој се наоѓа Нанда Деви. Силниот дожд и снегот кои цела седмица врнеле на тоа подрачје го отежниваат пребарувањето на теренот од воздух, додал.

Стотици алпинисти од целиот свет доаѓаат секоја година во Индија, а да се обидат да ги освојат врвовите на хималјаската верига. На подрачјето на Индија има десет врвови повисоки од 7.000 метри, меѓу кои и третиот највисок на светот, Кангченѕунга, меѓу Индија и Непал.

Четворица Индијци се меѓу единаесетте алпинисти кои ги загубија животите обидувајќи се да го освојат највисокиот врв на планетата Монт Еверест сега веќе изминатата сезона којашто заврши оваа седмица,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.