Потресени од експлозијата во Бејрут Амал и Џорџ Клуни ќе донираат 100.000 долари

По разорната експлозија во Бејрут, гордата Либанка Амал Клуни и нејзиниот сопруг Џорџ, одлучија да донираат 100.000 долари во хуманитарни цели.

Во ексклузивната изјава порачаа дека парите ќе бидат донирани во три добротворни организации – Либанскиот црвен крст, Импакт Лебанон и Бајтна Барак.

„Многу сме загрижени за сите граѓани на Бејрут и поради разорните последици со кои се соочија во последниве неколку дена. На трите хуманитарни организации кои ја даваат потребната помош ќе донираме 100.000 долари со надеж дека и други ќе помогнат како што можат“, стои во изјавата на Амал и Џорџ Клуни.

Либанските власти јавија дека голем број луѓе останале без своите домови, па донацијата на холивудскиот пар сигурно ќе им помогне на оние на кои им е најпотребно.

Амал Клуни е родена во Бејрут, а во екот на Либанската граѓанска војна, кога имала две години, го напуштила градот заедно со своето семејство.
Иако поголемиот дел од животот го поминала во Англија, адвокатката не ги заборавила своите корени, а по тажната вест која го обиколи светот решила да им помогне на своите сограѓани.