Потресна исповед: „Свекрвата уживаше додека маж ми ме тепаше“

87

Р.Б. од Србија која цели триесет години била жртва на семејно насилство ја раскажа својата тажна животна приказна.

Таа со децении и дозволувала на свекрвата да и го уредува бракот, а нејзиниот сопруг започнал да ги применува советите на мајка си и физички да ја малтретира.

Освен несреќната жена измачувани биле и нејзините синови.

– Кога беше најбрутален мислев дека ќе ми ги скрши сите коски, изјавила Р.Б. за српски “Блиц”.

Р.Б се обвинува што претходно не собрала храброст да им се спротистави на нејзиниот сопруг и свекрва и да стави крај со семејното насилство.

-Никогаш не постоеше никаков договор со него. Ќе ветеше дека ќе престане да ме тепа, па пак за некое време иста песна. Секогаш правеше тоа што сака и што ќе науми… или тој или неговата мајка. На крајот на целата приказна влезе и алкохолот кој само ги влоши работите. И покрај тоа што знаев некогаш да и се пожалам на неговата мајка дека малтретирањето ги преминува сите граници, таа никогаш не реагираше, дури ни кога беше сведок на ќотекот кој го добивав. Гледаше и уживаше, вели несреќната жена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.