Потресни фотографии од вуковарското боиште

Борбите за Вуковар траеле 86 дена, а како што се проценува во нив животот го загубиле помеѓу 3.000 и 5.000 лица, воглавно цивили. Во судирите се разрушени 90 отсто од градот.

На 18. ноември пред 23 години, единиците на ЈНА влегле во хрватскиот град Вуковар со што биле расплеткани тримесечните борби.

Воените судири започнале на 13. ноември 1991. година, а ЈНА го заземала градот на 18. истиот месец. Вуковар е првиот град од кој со борба се истиснати хрватските сили.

Во судирот во Вуковар учествувале околу 30 илјади војници на ЈНА и голем број припадници на територијалната одбрана и паравоените сили, додека хрватските сили, според проценките, прво броеле 1.800 лица, но постојано оваа бројка растела.

Во јули 1990. година, општинскиот совет на Вуковар, во кој најголемиот дел биле Срби и пројугословенско ориентирани Хрвати, одбиле да го прифатат новиот Устав на Хрватска со кој Србите го загубиле статусот на конститутивен народ и станале национално малцинство. Поради тоа хрватската Влада ги вооружила паравоените сили како резервна полиција, за да ја осигура превласта на терен.

Цивилната власт во Вуковар е воспоставена на почетокот на декември 1991. година. Донесена е одлука Вуковар да биде аминистративен центар на „Српските области Славонија, Барања и западен Срем“.

Во организација на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Будимпешта на 8. август 1992 година, претседателите на Владите на СР Југославија и Хрватска, Милан Паниќ и Мате Граниќ го потпишале договорот за размена на воени заробеници.

Источна Славонија била под управа на Привремената администрација на ОН до 5. јануари 1998. година, кога е вратена под управа на Хрватска.

Во Вуковар живееле околу 45 илјади граѓани на почетокот од 1991 година. Околу 52, 98 отсто биле Хрвати, додека 36, 28 проценти биле Срби. Повеќето Срби живееле во центарот на градот, додека Хрватите во индустриските предградија.

Пред 1990 година населението било интегрирано, со необично голем процент на мешани бракови и луѓе кои се изјаснувале како Југословени, а не како Срби или Хрвати.

v1

v2

v3

v4

v5

v6

v7

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.