Потресни мемоари на Вал Килмер во врска со Анџелина Џоли: Таа е ангел, најголем од сите…

Вал Килмер (60) во својата нова книга „I’m Your Huckleberry“ пишува за врската со Анџелина Џоли (44), која ја запозна на снимањето на драмата „Александар Велики“ во 2004 година.

Тие врската ја започнаа по премиерата на споментатиот филм.

– Ме спаси, ме спаси од инферната ледена самотија… Ме спаси ангелот, најголем од сите – Анџелина… Кога луѓето ќе ме прашаат каква е таа, секогаш им велам дека е како другите жени и другите ѕвезди, но уште многу повеќе… Анџелина е уште поубава, уште потрагична, уште помагична… Поприземјена од другите… – напиша Килмер.

– Дали вредеше? Да. Секогаш вреди да запознаете луѓе кои бараат барем една недела труд за да почнете да ги разбирате, напиша Вал во своите мемоари.

Нивната романса не траеше долго, набрзо потоа Анџелина го запозна Бред Пит, а актерот се пожали дека барем две децении немал сериозна девојка.