Потресно сведоштво за условите и третманот во штипската болница, градоначалник јавно апелира

радоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев објави потресно сведоштво и јавен апел до Премиерот на Република Македонија, Министерот за здравство во владата, директорот на болницата во Штип и сите одговорни во одделенијата во болницата.

Сведоштвото и апелот ги пренесуваме во целост:

Кога ќе се однесе пациент во болницата во Штип со посериозни проблеми јавна тајна е дека назад се враќа во погребaлно возило.

Студено,кревети и постелнина од 19 век….. за храна да не зборуваме….и таа што ја има нема кој да ги храни луѓето….несменети памперси…крв…

Зборувам за отворени рани за неполни 9 дена …

Лично сум сведок, дека наместо да се излекува пациентот, пациентот се враќа во вегетабилна состојба.

Товарот е на семејството.

Зборувам од име на функцијата градоначалник на соседната општина.

Како е на обичните граѓани и пациенти.

Пациент во стабилна состојба да го отпуштат по десетина дена во „страшна” состојба со отворени рани и во несвесна состојба.

Дали имаат чувство спрема пациентот и неговото семејство…..

Уште еднаш апел до сите одговорни во нашата ни држава во ресорот ЗДРАВСТВО дека животот нема цена.

Одговорност мора и треба да има, од секој одговорен за секој пациент посебно.

Се изнагледав многу работи во последните денови во болницата во Штип.

Ова го пишувам од лично искуство но и од искуството на многу мои сограѓани.

Со господ Бог напред….