Потрошувачката кошница на просечниот граѓанин сѐ попразна, а семејството на премиерот јаде од златен прибор

37

Македонската економија крахира од ден во ден, а граѓаните одвај преживуваат со платате. За тоа говорат и податоците од последните пресметки на синдикатите во Македонија, според нив синдикалната кошница е сѐ попразна, а трошоците за живот секојдневно енормно растат. Просечен македонски работник со минимални примања може да заработи само за леб и вода.

Гневот кај македонските граѓани се појави кога премиерот Зоран Заев за Бадник јадеше од златен прибор. Јадеше од прибор кој чини неколку месечни примања на еден просечен македонски работник.

Граѓаните за големиот христијански празник Бадник споделуваа скромни фотографии од нивните трпези на кои изоставуваат многу продукти поради рецесијата и пандемијата која остави на улица многумина сограѓани, а внуката на премиерот се пофали како семејството Заеви раскошно го празнува празникот. Од објавата на внуката на премиерот Зоран Заев на трпезата се гледа златен прибор за јадење.

Додека се луксузира семејството на премиерот, пресметките на синдикатите говорат дека во просек околу 50 евра му фалат на секое семејство да ги подмири основните трошоци, кои вртоглаво растат секој месец. За илустрација од почетокот на годинава до ноември скоро за илјада денари се зголемени основните месечни трошоци. Ако во јануари на едно четиричлено семејство му биле потребни 32.791 денари за подмирување на трошоците, во ноември веќе му биле потребни 951 денар повеќе.

На едно семејство од четири члена, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил, потребни му се 14.149 денари за основни потреби за храна и пијалоци, а 8.547 денари само за подмирување на комуналните трошоци. За лична хигиена и за хигиена на домот, минималните трошоци изнесуваат 2.375 денари. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 27.899 денари. Минималната плата не е доволна повеќе ниту само за храна и пијалоци.

За ова неколкупати и алармираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Златниот прибор за јадење на Заеви е слика и прилика за тоа како се луксузира власта на сметка на сиромашните граѓани. Лажната претстава која Заев ја создава околу себе е демантирана само со една слика на која се гледаат златните лажици, вилушки и ножеви на Заеви во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само две евра дневно, 54 илјади луѓе останаа без работа, а уште толку не земаат редовно плата. А, десетици илјади семејства на тутунари, лозари и оризари не можат да си ги земат заработените пари, ама затоа луксузот на Заеви и на власта не смее да трпи“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.