Викендов издадени 1.209 потврди за барање на азил во земјава

Викендов издадени 1.209 потврди за барање на азил во земјава

Министерството за внатрешни работи во текот на викендов издаде 1.209 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Во периодот од 19.јуни до 06.јули во 08.00 часот,  издадени се потврди на вкупно 8.595 странски државјани, од кои, 6.688 се од машки пол, 1.081 се од женски, 790 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 36 деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-5.911, потоа Авганистан-743, Ирак-485, Пакистан-366, Сомалија-268, Конго-238, Палестина-221, додека останатите се во помал број. Од започнувањето на издавањето на потврдите, до Одделението  за азил се поднесени 13 барања од сиријски државјани за азил од нив четири за деца.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Гевгелија до ОЈО-Гевегелија поднесе кривична пријава против С.К.(44) од Конче постои основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба,, предвидено и казниво по чл.236 ст.1 т.З од КЗ. Пријавениот на ден 04.07.2015 година во периодот од 13,00 часот до 14,00 часот искористувајќи ја згодната прилика т.е отсуството на сириски државјанин,пред поголем број на очевидци на јавно место одзел два црни ранци, сопственост на оштетениот и неговиот другар кои биле оставени кај локомотивата наспроти железничката станица. По извршување на делото, пријавениот ги однел во неговиот дом во Гевгелија. Имено сирискиот државјанин кога стигнал во полициската станица на железничка станица во Гевгелија во 13,00 часот чекал на ред за добивање потврда со намера за барање азил во полицијата, ги оставил двата ранци кај семејство од Сирија кои биле сместени во паркот наспроти железничката станица, со цел да им ги причуваат. Откако после еден час се вратиле по ранците, дознале дека семејството од Сирија нивните ранци им ги оставиле во паркот и заминале. Потоа сретнале неколку очевидци идознале опис на осомничениот, го пријавиле настанот, па заедно со претставници од УНХЦР се упатиле кон неговиот дом. По превземање на мерки и дејства пријавениот е лишен од слобода и ранците и паричните средства кои биле во нив се пронајдени и вратени на оштетените.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 06.07.2015 година се евидентирани вкупно 33 барател на азил, од кои 25 баратели на азил се мажи, 1 барател на азил е жена и 7 баратели на азил се малолетни лица. Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, евидентирани се 2 баратели на азил со повреди на долните екстремитети (двајца мажи), 7 малолетни лица без придружба на старател, додека пак бремени барателки на азил не се регистрирани во ЈУ Прифатниот центар.

Изминативе два дена, трите мобилни екипи пружија прва помош на вкупно 385 лица,од кои 41 интервенции се извршени во Табановце, а останатите на граничниот премин Гевгелија и железничката станица. Реализиран е транспорт на 12 лица од граничен премин до општата гевгелиска болница. Дистрибуирани се 278 шишиња вода, 22 ќебиња, 17 кутии двопек, 15 УНФПА пакети, и 67 пакувања пелени.