Потврден уште еден случај со делта сојот во Македонија, за уште четири пациенти се чека резултат

Во текот на вчерашниот ден потврден е уште еден случај на Делта варијантата кој се наоѓа во болницата во Велес, а се чека резултат за уште четворица пациенти, ќе ги имаме денеска, рече денеска на министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција, при посета на Клиниката за неврохирургија каде ќе се изврши иновативна хируршка метода „вградување стимулатор на нервот вагус”.

-Сите четворица се лекуваат овде во Скопје, а еден од нив е со потешка клиничка слика и е на респиратор, другите се со стабилна состојба. Скринингот кој се прави на тестовите се прави на сите тестои и ја исклучува британската варијанта, доколку покаже дека не е британската варијанта се прави секвенционирање за да се покаже присуството на Делта варијантата, а тоа сега се прави кај овие четири пациенти и до вечер ќе ги имаме резултатите, рече Филипче.

Овие пациенти не биле вакцинирани, а засега не е познато дали патувале во странство.