Потврдена е коалицијата меѓу клептоманската СДС и уценетата Арсовска, заедно работат на дефокус од неспособноста на Ковачевски

Клептоманите од дезертерската СДС секој ден ја потврдуваат новата коалиција со уценетата Данела Арсовска. Веќе станува очигледно дека Арсовска има за задача да одработува за дезертерот Ковачевски, да дефокусира од секојдневните скандали, од неспособноста и катастрофалната енергетска и економска состојба во која се наоѓа државата.

Коалицијата веќе не ја ни кријат. Взаемно си помагаат, затоа што имаат големи бизнис интереси и мерак за матни зделки. Поддршката која СДС и ја дава на Арсовска се гледа и преку скапата кампања и билбордите кои и ги плаќаат во време на криза. Во услови кога немаат дела, својата неспособност ќе ја покриваат со манипулации и лаги. Парите и енергијата кои ги трошат против ВМРО-ДПМНЕ да ги насочеа кон граѓаните ќе донесеа барем некаков бенефит.

Нека им е со среќа соработката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.