Потврдена смртта на петмината маринци од хеликоптерската несреќа во Сан Диего

Американската војска денеска ја потврди смртта на петмината маринци од хеликоптерот што поради невреме се урна во планините во близина на Сан Диего.

Хеликоптерот „Super Stallion“ исчезна од радарите во вторникот вечерта додека се враќаше во базата на маринскиот корпус во Мирамар, Сан Диего, по тренинг лет северозападно од Лас Вегас, јавија американските медиуми.

Авионот вчераутро бил регистриран во близина на планинското одморалиште Пајн Вали, на еден час возење од Сан Диего.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.