Потврдени 180 нови случаи на Ковид-19, 109 во Скопје

о последните 24 часа, направени се 1.272 тестирања, при што регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 и тоа најмногу 109 во Скопје, соопштија од Министерството за здравство. Со ова вкупната бројка на заразени во моментов е 2.790, а активни случаи се 1.009.

Новозаразени има во Куманово и тоа 26, во Штип – 15, 12 во Тетово, Гостивар – 8, Гевгелија – 2, и по еден заразен во градовите Дебар, Струга, Велес, Битола, Охрид, Валандово, Свети Николе и Неготино. Во изминатото деноноќие од вирусот починаа две лица на возраст од 52 и 68 години, а закрепнаа 11 пациенти.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, каде нема позитивни резултати на ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 34.386 тестирања за корона вирус, информираат од Министерството за здравство.

Од почетокот на пандемијата заклучно денес:
-заразени лица: 2.790
-оздравени лица: 1.632
-починати лица: 149
-активни случаи: 1.009

Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1158, активни 552
• Куманово 526, активни 110
• Дебар 52, активни 1
• Штип 142, активни 104
• Прилеп 217, активни 31
• Тетово 257, активни 100
• Струга 91, активни 19
• Велес 138, активни 28
• Битола 29, активни 3
• Охрид 25, активни 8
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 41, активни 20
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 3
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 41, активни 10
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 3
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 14, активни 5 (*8 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1272 теста се преку: ИЈЗ –604, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена –136, Биотек -119, Жан Митрев (Филип Втори) –155, Систина со PCR метода –111 и МАНУ -91.

Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 нови пациенти, од нив 5 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Во моментов се хоспитализирани вкупно 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.