11.2 C
Skopje
сабота, октомври 19, 2019

Потврдени пресудите за „Диво насеље“, седум доживотни и десетина казни до 40 години затвор

302

Апелацискиот суд Скопје ги одби во вторникот жалбите на обвинетите и нивните бранители и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово.

Одлуката е донесена по три месеца откако беше одржана јавна седница на која се разгледуваа жалбите на првостепената одлука која ја донесе судијката Верка Петковска. Со потврдувањето на одлуката од второстепениот суд пресудата е правосилна.

Петчлениот судски совет од второстепениот суд донесе одлука да ја потврди во целост одлуката на судијката Петковска од Основниот кривичен суд.

Основниот суд Скопје 1 на 2-ри ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.