Потврдени првите случаи на коронавирус од журките во Охрид

Тројца позитивни на ковид-19 коишто биле на забавите во Охрид за продолжениот илинденски викенд, јавува „Канал 5“ повикувајќи се на болнички извори.

Заразените се со благи симптоми и се на домашно лекување. Од денеска стартуваат и анкетите на заразените со кој сè биле во контакт и до среда треба да се знае точната бројка на луѓе кои би заминале во самоизолација и се заразиле од нив.

„Очекувана е бројката од двесте новозаразени од ковид-19 и нови кластери по забавите на излетнички места, а бројката ќе се задржи и со можност да биде и повисока“, вели епидемиологот Даниловски.

Повеќе на „Канал 5“ .