Три лица се убиени во четвртокот претпладнето во нападот со ниж во базиликата Нотр Дам во јужниот француски град Ница, вклучително и жена на која ѝ е отсечена главата, соопшти полицијата, а според властите сѐ укажува дека станува збор за терористички напад.
Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, на Twitter објави дека нападот се случил во или во близна на базиликата Нотр Дам, како и дека полицијата го привела напаѓачот кој се обидувал да се сокрие. Според некои медиуми, тој е ранет и пренесен во болница.
Извори во полицијата изјавиле за AFP дека на една жена ѝ е отсечена главата, а истата информација ја пренесе и политичарката Марин Лепен. Полицијата претходно потврди дека во нападот се убиени две лица, како и дена неколку лица се ранети.
Засега не е познат мотивот за нападот во Ница, ниту дали има поврзаност со обајвувањето на карикатурите на пророкот Мухамед што муслиманите го сметаат за најголемо светогрдие. Сепак, обвинтиелството за тероризам отвори истрага за овој напад.
Сѐ уште не е јасно и дали нападот има некаква поврзаност со нападот во Париз пред две седмици кога ученик, исто така, обезглави гимназиски професор поради прикажување карикатури на пророкот Мухамед.
Франција по убиството на гимназискиот професор Самуел Пати порача „дека никогаш нема да се откаже“ од својата поддршка за слободата на изразувањето и покрај „заплашувањата“ и истакна дека постои „големо европско единство“ во поддршката на Франција и „начелата и вреднотите кои ги брани“ Републиката.