Потврдено дека фирмата на Мукоски за еден тендер добива 1,3 милиони евра од државатa

Фирмата „Атриум“ од Вевчани каде што сопственик е братот на екс пратеникот Крсто Мукоски, Бобан, пред четириесетина дена добила тендер од владата на СДСМ во висина од околу 1,3 милиони евра, објави „Експрес“.

Според документите од АД за изградба и стопанисување на станбен и деловен простор од значење за републиката – Скопје фирмата на Мукоски треба да изгради зграда во Гевгелија и за тоа треба да наплати околу 80 милиони денари.

Добивањето на тендерот на фирмата на Мукоски не би било чудно доколку токму за оваа форма екс генералниот секретар на владата на СДСМ Драги Рашковски не имплицираше можен криминал и најави ревизија на страни тендери добиени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата на Мукоски како партнер на владата во изградба на објекти е интересна и поради амнестијата за Крсто Мукоски кој на 27 април ја пееше македонската химна а потоа беше ослободен и гласаше за промена уставот и уставното име.

Во јавноста досега не беше објавено дека Мукоски ја добиле оваа милионска зделка од владата.