Испитувањата покажаа дека водата од чешмите во германската воена база во Келн не била контаминирана, изјави во петокот воен портпарол, два дена откако властите накратко ја затворија базата за да истражат можна саботажа.
Властите им рекоа на војниците да не ја пијат водата откако чувар откри дупка во оградата во близина на фабрика за вода во воената база Келн-Ван во средата.
„Резултатите од тестот покажаа дека безбедносниот праг според прописите за вода за пиење во Германија не е надминат. Водата може повторно да се консумира“, соопшти територијалната команда.
Германските власти анведуваат дека не забележале провалници кога ја пребарале локацијата во средата и дека нема индиции за тоа кој, ако воопшо е некој, осомничен.
Војниците биле пуштени назад во базата истиот ден, но морале да се воздржат од пиење вода од чешмите до петокот, додека не стигнат резултатите од тестот.
Во базата во близина на аеродромот во Келн се сместени 4.300 војници и 1.200 цивилни вработени. Таму е распоредена и флотила од воени авиони кои ги користат германскиот канцелар Олаф Шолц и неговите министри.
НАТО во минатото предупредуваше на кампања на непријателски активности од страна на Русија, вклучувајќи саботажа и сајбер напади.