Потврдено „екстремно“ ниво на радијација на Урал

Кон крајот на септември на Урал е регистрирано екстремно загадување на воздухот со радиоактивниот изотоп рутениум-106, и високо во Татарстан, Волжискиот тгион и Ростов на Дона, соопшти во вторникот државната агенција Росхидромет.

Во соопштението коешто во вторникот го пренесува руската агенција РИА се наведува дека во периодот од 25-ти септември до 1-ви октомври, зголемување над дозволеното ниво „било регистрирано на сите мерни места во Јужен Урал“. При тестирањата на радиоактивните аеросоли бил откриен рутениум 106, чиј период на полураспаѓање изнесува 368,2 дена.

Количеството рутениум во примероците тестирани на мерните станици Аргајаш и Новорњи го надминало нивото од претходниот месец од 986 до 440 пати, што одговара на нивото „екстремно високо загадување“.

Исто така, на 26 и 27-ми септември, продукти од распаѓање на рутениум-106 биле откриени во Татарстан, а следниот ден појужно во Волгоград и Ростов на Дон, Потоа траги на споменатиот елемент се откриени во сите европски земји, почнувајќи од Италија и натаму на север.

Притоа руската агенција истакнува дека експертите не ја бараат причината за зголемувањето на нивото на концетрацијата на рутениум-106 во воздухот, бидејќи неговата концетрација била значително пониска од дозволемата и не претстаувала никаква опасност за населението.

Германската Федерална агенција за заштита од радијација во периодот од 29-ти септември до 3-ти октомври открила траги од радиоактивен рутениум-106 на територијата на Европа. Во тестирањата на концентрациите во воздухот од Австрија и Германија, трагите од рутениум-106 биле безопасни за населението. Агенцијата уште тогаш претпостави дека изворот на радијацијата во Русија.

Рутениум-106 се користи како извор на зрачење при терапијата на разни видови карцином. Поретко овој елемент се употребува во радиоизотопните термоелектрични генератори, кои се користат во снабдувањето со електрична енергија на сателити. Супстанцијата, исто така, може да произлезе и од преработката на елементите за нуклеарно гориво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.