Потврдено: Горан Пандев се враќа во репрезентацијата

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денеска во Џенова оствари средба со нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев.

На средбата било разговарано околу неговото враќање во репрезентацијата, а потврда дека двете страни успеале да ги усогласат своите ставови стигна по завршувањето на истата.

Среќен сум што повторно ќе бидам дел од репрезентацијата на Македонија. Разговаравме со новиот селектор и подготвен сум да се вратам во националниот тим. Помина долго време од мојот последен настап за Македонија и искрено воопшто не ми беше сеедно. Напротив, тешко ги поднесував сите случувања поврзани со репрезентацијата, но тоа е период кој е зад нас. Сега имаме сосема друга цел. Да се обединиме и да се обидеме да бидеме успешни. На секоја репрезентацијата и треба поддршка, верувам дека заеднички ќе успееме да ја подигнеме мотивираноста и квалитетот, изјави Пандев.


Горан Пандев
ќе пристигне во Македонија
во пресрет на пријателскиот натпревар против Црна Гора, а во функција на А репрезентацијата целосно ќе се стави по двата контролни натпревари на 12-ти и 17-ти ноември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.