Поуки

1316

Причини и последици од акутни „сексуални деланија“ на личен и политички план

Кога ги научивте најдобрите лекции? Кога ви рекоа правете така и така? Вие одма применивте? Кога ве фати некој праведнички инат, чувство на исправност, самодоверба која станала непорпознатлива од саморастечкото его кое самобедисано нараснало како пештански квасец? Но, апсилимонт!

Секако –Не! Неуспехот, падот, промашувањето, губитокот, кризата се најголемите учители, они ја убиваат самобендисаноста и суетата која ги замаглува вистинските критериуми за согледување на состојбите.

Јувентус денес е еден од најјаките клубови со неверојатна јасна, праволинска, конкретна стратегија и политика. Но, не беа секогаш такви, пред икс години, заедно со други пар клубови, како Милан, ги фатија за местење натпревари. Јувентус по казна во втора лига, а Милан спаси „гс“ со одземање бодови. Последици?! Денес Милaн не може да се прибере од порази и ќе биде така во иднина, а Јувентус се оправи за две години и оттогаш наваму само е во врвот. И се’ тоа само затоа што го допреа дното, а таму се приспитуваш до најмала ситница за своте приоритети и начини. Да, „плачковагиналци“ сме, цвикатори и се плашиме од неуспех, а само така можеме да стекнеме, најреално, визија за силите, можностите и начините како понатаму.

Личните, пак, падови најчесто се преку драматични медицински состојби. Повеќе пати имам изјавено дека инфарктот кој го доживеав 2012 е едно од најдобрите нешта кои ми се случиле во животот. Додека лежиш зомбифициран и умртвен, но потполно свесен, додека ти бутаат метро и пол жица и цевка поврзана со компресор кој пумпа 12 атмосфери за да го постави стентот, мисловниот процес е сведен на примитивно самоодржување, биос, но, потоа… оооо потоа и тоа како се ресетираш… прво од луѓе, кои до вчера биле неразделен дел од животот, а потоа увидуваш дека два-три месеци не доаѓаат да те видат под изговор – ДА НЕ СМЕТАМЕ – но, кога ќе увидат дека си на нозе, силен и повторно се враќаш ете ги, како ништо да не се „хепенизирало“. Но, има едно просветление од пријатели, кои некако ти биле на маргината, се издигнале над егото, состојбата, подале рака без да им се бара, имале некаков внатрешен морален компас и постапиле како што треба. Нивниот пример стана и мојот компас за иднина, рестеирање луѓе, професија, се’ што може да се замисли, со акцентирање на новите приортети.

Прво што отрфлив една многу огавна теза- остај ги децата само да растат, подобро ќе се снајдат – Едната ми ја кажаа оние секташи со кратици кои враќале де и му испумпаа многу (за него) пари на мојот тогаш малолетен син и ден денес ми се закануваат дека ако зуцнам ќе ме тужеле – ма фала ви и вашата школа е добредојдена, дете да научи да препознава дегенереици толку млад – никогаш никој нема да го злоупотреби, а втората е еден комунист – новинар со патриотски измешан компас, кој постојано ми филозофораше дека децата сами да растеле, прати го во Лондон, Амстередам, како уличните деца како научувале да преживеат, така требало и нашите… Неговиот син има 40 години, живее со него дома, нема семејство, има некој си дечко со кој „дувaат“ по цел ден, работи во администрација, едвај успева да срочи реченица и изгледа постар од мене, а сме 25 години разлика. Моите децаа побараа помош од нас, родителите и им ја дадовме, и им ветив дека додека сум жив можат да сметаат на мене. Јас нема да ги научам да пливаат на начин како што мене ме научија – фрлање во вода, па ако научи ок ако не, (дај друго)? Не, ќе ги научам со љубов, трпение и постојано вложување во нив дури кога ќе бидат зрели мажи! Денес, на свои млади години, тие се подобри луѓе од мене. Јас на нивни години сум бил „полов орган од овца“, кој се тресе во кофа со ладна вода. Тоа ми е потврда дека правилно постапувам. Работа, наука, продуктивност, погледи на живот за кои мене, пуштен на улица сам да се снаоѓам, научив дури децении подоцна, со инфаркт, енормна дебелина и нарушено здравје. Не, никогаш повеќе совети од други, освен од Бог лично и насоки кои се поведени само од љубов – не од страст!

И каде е овде со пишанкава во политичката помија наша?

Како во личниот така е и во тој избербатен политички живот – секоја пад ако не е школа, ако е базиран на арогнација и самоовенчан со ловорика на праведност, патриотизам, демократија и слични флоскули од кои пукаат хемороиди, џабе е. Само понизно ресетирање и отфикарување на паразити кои како свинска тенија се влечат во организмите на структурите со децении, ако се сака нов успех. Глумењето и фолирањето со лажна скромност и пасивна арогнација дека „простата маса не разбира и ако разбира ќе им ветам вработување во мојата изборна единица пак ќе ме гласаат“. И нека те гласаат, ама тогаш и треба и добро ќе и за тебе, и за партијата и за целото општество, ако изгубиш.

ВМРО тресна силно, сеизмички и во момнтов ја газат најмногу нејзините некогашни најголеми апологети кои профититраа невидено од неа, а не политичкиот им опонент.

Истото и со СДСМ, тие не паднаа како кула од карти, но доживеаа кроше од ЕУ и се во слободен пад, а веќе хиените касаат едни по телото, другите го бранат, но секој само заради лична корист.

Април е преблиску за да има вистинско, длабинско ресетрирање и за едните и другите, и ќе биде невиден преседан ако драгите ни рамковни не реагираат на копче како и досега, туку гласаат по воља и визија за општо добро, ќе биде страшно изненадувачки.

Народот е ужасно разочаран и тој чемер ќе се насочува како магнетни стругоити ни под маса, невидливо, кон еден или друг противник, а вие како партиски дронови, ќе мора да слушаат, но нека не ве навредува, затоа што другиве – лунпен-фејзбук-порлетеријат, сеуште не можат да сфатат дека нивните „описанија“ се само како олеснување на социјална дијареа и на ден на гласање друг сетинг има плебсот и што и да одлучи, ќе си носи, без оглед дали му местеле или фингирале или било потполно слободно – одговорноста за се’, само он ќе ја сноси. Власт е само последица на деланијата на народот и на никој друг!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.