16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Повеќе од 12 милиони заразени во САД, да не се патува за Денот на благодарноста

Во Соединетите држави, повеќе од 12 милиони луѓе до сега се заразени со коронавирус.

Повеќе од 255.000 луѓе починале од ковид-19 во САД, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

САД забележале повеќе инфекции и смртни случаи од која било друга земјана светот. Во Индија, каде живеат 1,3 милијарди луѓе, има 9 милиони заразени и 130 000 мртви.

Бразил објави 6 милиони заразени и 168 000 смртни случаи.

Рекордни 665.000 нови инфекции се пријавени ширум светот во петокот. Од таа бројка, скоро 200 000 случаи се пријавени во САД.

Десетте дена со најмногу случаи, како во САД, така и во светот, се забележани во ноември.

Поради зголемувањето на бројот на заразени, Центрите за контрола и превенција на болести ги предупредија Американците да не патуваат за претстојните празници за Денот на благодарноста.