Повеќе од 40 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање

Вкупно 40.600 граѓани до денеска напладне се пријавиле преку онлајн аликацијата за вакцинирање против Ковид-19. Преку матичните лекари пријавени се 12.652 лица, информираат за МИА од Министерството за здравство.

Веб страницата беше пуштена во функција во среда, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни.

Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање ќе може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Надлежните институции утврдија како ќе се одвива процесот на вакцинација. Во првата група се здравствените работници и лицата над 70 години.