Повеќе од 500 посетители на изложбата на Кардула во Крушево

Повеќе од 500 посетители ја проследија синоќешната изложба на Зоран Кардула на споменикот Илинден што е во рамките на манифестацијата „Десет дена Kрушевска Република“.

Изложбата, инспирирана од познатиот филмски серијал „Стар ворс“ (Star Wars) и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден, ја отвори Владимир Конески, професор на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје.

По отворањето на изложбата посетителите проследија извонреден ди-џеј перформанс на Томи Бојаџи. Изложбата ќе биде отворена 20 дена.

Денеска на програмата на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ е влашката вечер од 21 часот на летната сцена зад музејот на НОБ на Гумење.