Повеќе од 7500 лица се хоспиталиизрани во бугарските болници, во Србија околу 5000 деца позитивни на ковид

61

Над 7500 лица се хоспиталиизрани во бугарските болници, над 600 од нив се на интензивна нега. Болниците во Бугарија се преполни со ковид пациенти, а над 90% од нив се невакцинирани. По релативно мирното лето, Бугарија беше тешко погодена од нов бран епидемија бидејќи не воведе построги мерки. Сега ситуацијата ескалира, но експертите велат дека се уште може да с еизбегне целонсо затворање.

Вчера беа пријавени 5.178 новозаразени и уште 124 смртни случаи, со што бројот на починатите во земјата се искачи на 23.718, а во последните две недели Бугарија имаше највисока стапка на смртност од коронавирусот меѓу земјите на ЕУ.

Лоша е епидемиолошкта состојба и во Србија. Во последите 24 часа регистрирани се над 6000 позитивни, а се поголем е бројот и на деца со тешка клиничка слика. Во моментов во Србија има околу 5000 деца позитивни на ковид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.