Повеќе од 800 жртви од коронавирусот во едно деноноќие во Шпанија

Вкупно 832 лица во Шпанија во изминатите 24 часа починале од коронавирусот, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Со тоа, бројот на смртни случаи во Шпанија достигна 5 960 лица, а вкупниот број на регистрирани заболени лица е 72 248.

Шпанија е една од најпогодените земји од ковид-19 по Италија, каде исто така рапидно продолжува да расте стапката на смртност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.