Повеќе од 85 отсто од починатите имале хронична болест или доцна побарале помош, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека огромен број од починатите од Covid-19 имале други хронични болести.

„Огромен процент од пациентите имале тешка форма на некоја друга хронична болест, над 85 отсто се со коморбидитети. Голем дел многу доцна доаѓаат во болница“, рече Филипче.

Според процената на министерот, полицискиот час како мерка за сузбивање на ширењето на коронаинфекциите во моментов не е решение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.