Повеќе од 94 милиони луѓе се заразени со ковид-19

Од почетокот на пандемијата со ковид-19 до денеска во светот се инфицирале 94.315.331 човек, а во моментот активни се 24.950.778 случаи, се наведува на сајтот на „Ворлдометерс“.

Најголем број на заразени има во САД – над 24 милиони луѓе, потоа следи Индија со над 10,5 милиони, Бразил со повеќе од 8,3 милиони, потоа Русија со над 3,5 милиони и Велика Британија со над 3,3 милиони инфицирани луѓе.