Повеќе од милион и пол демонстранти на улиците на Хонгконг

На антивладините протести во автономниот кинески регион Хонгконг во неделата се собраа повеќе од 1,7 милиони учесници, тврдат организаторите, со што би биле меѓу најголемите демонстранции во низата протести започнати на 1-ви јули.

Како што пренесува агенцијата DPA, станува збор за најголемиот собир од почетокот на одржувањето на протестите на 9-ти јулуи, и е еден од најголемите откако поранешната британска колонија Хонгконг во 1997 година се врати во матицата Кина. Голем број луѓе излегле на улиците и покрај дождот и полициските забрани за собори, а протестот минал мирно, пренесува агенцијата Reuters.

Вонг Јик Мо, лидер на коалицијата на опозициските групи, истакнал дека протестите кои започнаа пред повеќе од еден месец поради предлог-законот според кој осомничените можеа да бидат екстредирани во Кина а кој во меѓувреме беше повлечен, сега се претвориле во движење против „репресијата на кинески начин… која веќе ја спроведува полицијата во Хонгконг“, пренесува DPA.

„Од активистите на првата линија, до оние во домот за стари и изнемоштени лици и во јавните станбени простори, жителите на Хонгконг се соочија со полициска бруталност во форма на користење солзавец и гумени куршуми кои ги користатза да не протераат и уапсат. Трпевме и неселективни напади од организираните криминални банди. Жителите на Хонгконг се многу гневни и го осудуваат делувањето на владата и полицијата“, истакнал Вонг.

Големиот одѕив на демонстрантите во неделата покажува дека движењето и натаму има голема поддршка и покрај сцените на насилство од минатата седмица, кога протестите се одржаа во зградата на аеродромот кој е еден од најфреквентните на светот. Дел од активистите се извинија поради тоа, пишува Reuters. Демонстрантите тогаш попречија речиси илјада летови и во заложништво земаа двајца мажи за кои сметале дека се симпатизери на валдата, поради што Пекинг оцени дека применуваат терористички методи.

Демонстрантите во Хонгконг и покрај повлекувањето на предлог-законот, сметаат дека со тоа ќе се поткопа независноста на покраината и ќе ги изложи нејзините жители на опасност од политички обвиненија. Покрај тоа, се загрижени поради наводното поткопување на слободите гарантирани со формулата „една држава, два система“, која е на сила кога енклавата се врати во составот на Кина.

Антивладените протести во Хонгконг се еден од најголемите предизвици за кинескиот претседател Кси Џинпинг откако дојде на позицијата во 2012 година. Владејачката Комунистичка партија се подготвува за одбележување на 70-годишнината од основатањето на Народна Република Кина на 1-ви октомври, па оттаму хонконшката криза се случува во чувствителен период. Пекинг за протестите ги обвинува западните земји, во прв ред САД, а вестите за вежбите на резервниот состав на милицијата на стадион во соседниот град Шензен, укажуваат дека не е исклучена и интервенција на војската.