Повеќе од половина милион новозаболени во светот за еден ден

Бројот на потврдени случаи во светот на коронавирус достигна 55.326.907, а за 24 часа регистрирани се 536.224 новозаболени, соопшти Светската здравствена организација.

Од коронавирус досега во светот починале 1.333.742 лица.

Над 45 проценти од случаите пријавени во СЗО во изминатиот период се во Европа, Северна  и Јужна Америка и Југоисточна Азија.