Повеќето бремени не се подложни на сериозни последици од Covid-19

Прелиминарното истражување на британските научниците покажало дека бремените не се поподложни на сериозни последици доколку з аболат од Covid-19 во однос на останатата женска популација, како и дека доколку кај нив сепак се равие потешка форма на болеста тоа најчесто се случува во подоцните фази од бременоста.

Со студиите биле опфатени 427 бремени примени во британските болници со симптоми на Covid-19 во периодот од 1-ви март до 14-ти април.

Британските научници утврдиле дека со симптомите на болеста во болниците биле примени помалку од 0,5 отсто од сите бремени и дека дури секоја десетта жена била сместена на оддел за интензивна нега.

Резултатите од студијата која ја спровеле научниците од Универзитетот Оксфорд и британскиот Кралски колеџ за опстетриција и гинекологија упатуваат на тоа дека идните мајки не се во поголема опасност од потешки последици на заразата со новиот коронавирус во споредба со другата популација.

„Меѓутоа собраните податоци покажаа дека повеќето бремени примени во болница во споменатиот период биле во висок степен на бременоста. Повеќето биле бремени повеќе од шест месеци, а тој податок упатува на значењето на континуираното придржување на мерките на физичка дистанца во подоцните фази од бременоста“, вели Маријан Најт, професорка за здравје на мајките и децата на Оксфордскиот универзитет и една од авторките на студијата.

Стидијата, којашто сѐ уште не ја минала рецензијата, но во понеделникот беше објавена на интернет ресурсот MedRxiv, укажува на тоа дека бремените жени од етничките малцинства, како и оние со прекумерна телесна тежина и други коморбидитети како висок крвен притисок и дијабетес, во поголем процент се задржувани на болничко лекување.

„Многу мал број бремени имаат потешки симптоми на Covid-19, а некои од нив, за жал, ѝ подлегнаа на болеста. Нѐ загрижува тоа што во болниците сме примиле поголем број бремени со симптоми на Covid-19 од црнечките заедници и малцинските етнички групи и тој податок треба итно да се истражи“, вели Најт.

Анализата на податоците за бебињата кои ги родиле мајки заразени со коронавирусот покажала охрабрувачки резултати. Иако секое петто бебе е родено пред предвидениот термин и потоа е сместено на оддел за неонатологија, помалку од 20 новороденчиња опфатени со студијата се родени пред 32-та седмица од бременоста.

Резултатите од истражувањето упатуваат и на тоа дека можноста за пренос на заразата од мајка на бебе е ниска, заклучиле британските научници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.