Повеќето Германци ќе се откажат од светлосните украси поради заштита на планетата

Повеќето Германци се подготвени да го намалат бројот на светлосни божиќни украси за да ја заштитат планетата, покажаат резултатите од најново истражување.

Вкупно 57 проценти од испитаниците на анкетата спроведена од германската агенција ДПА се изјасниле дека ќе го намалат бројот на божиќни лампиони во нивните домови или дури дека ќе бидат без нив во иднина.

За овој Божик 11 отсто не се подготвени да го направат тоа, додека 35 отсто не планираат да се откажат ниту сега ниту во иднина.

Сепак, мислењата се поделени за тоа дали треба да има помалку светлосни украси на јавните згради и на улиците. Така, по 44 проценти се „за“ и „против“.

Светлосните декорации за време на божиќните празници ги сакаат голем број Германци, 79 отсто. Но, сепак, повеќето сметаат дека треба да се кити со мерка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.