Близу две третини од Германците очекуваат дека новиот канцелар Олаф Шолц ќе остане на должноста семо еден мандат, покажува истражувањето на јавното мнение кое го спровела агенцијата YouGov за новинската агенција DPA објавено во средата на денот која социјалдемократот беше потврден во парламентот на канцеларската должност.
Дваесет отсто од испитаниците оценија дека новата владејачка коалиција којашто ја предводи Шолц, ткн „семафот коалиција“, според партиските бои на социјалдемократите, зелените и либералите, ќе се распадне пред новите парламентарни избори по четири години.
А 44 отсто испитаници сметаат дека Шолц ќе остане на должноста до крајот на мандатот, но дека нема повторно да биде избран на канцеларската должност.
Само 16 отсто од испитаниците очекуваат дека новиот канцелар ќе биде на должноста и во вториот мандат, а само 1,3 отсто сметаат дека Шолц ќе остане на должноста исто толку долго колку и неговата конзервативна претходничка Ангела Меркел. Таа на должноста канцелар на Германија остана 16 години, и иако се сметаше дека може да го освои и следниот, Меркел се откажа.
Самиот 63-годишен Шолц повеќепати изјавуваше дека сегашната тричлена коалиција ја гледа како долгорочен проект кој ќе трае подоо од сегашниот изборен мандат. Пораншниот министер за внатрешни работи и за финансии во две влади на Меркел, вети дека храбро ќе се фати во костец со зголемените предизвици велејќи дека Германија „може да полета“.
Меѓутота, испитувањето на YouGov покажува дека ниту четвртина од Германците, односно 22 отсто, не очекуваат големи промени во општеството.
Вкупно 51 отсто испитаници веруваат дека „семафор коалицијата“ нема да поттикне големи промени во Германија, додека 16 отсто од нив не очекуваат никакви промени. А 11 отсто испитаници не се изјасниле по ова прашање.
Јасно мнозинство Германци се задоволни од работата на Ангела Меркел како канцеларка, односно 55 отсто, додека 38 проценти од испитаниците се незадовлни, а 7 отсто не се изјасниле.